Мбапе даде 15 гола, но нема место за него во „дрим-тимот“ на ЛШ

УЕФА го официјализираше изборот на Кварацхелија за МВП на сезоната, а беше избран и идеалниот тим за 2025/26 во Лигата на Шампионите, избор во кој неочекувано не се најде место и за Килијан Мбапе.

Французинот играше импресивно во ЛШ, со 15 постигнати погодоци беше најдобар стрелец, но предност пред него во изборот за „дрим-тимот“ добија Хари Кејн и Усман Дембеле.

Давид Раја е избран за најдобар голман, во одбраната се најдоа Љоренте, Маркињос, Нуњо Мендеш и трагичарот од финалето, Бразилецот Габриел од Арсенал.

Средниот ред во овој „тим на сезоната“ го сочинуваат Олис, Кварацхелија, Витиња и Деклан Рајс.

Се вчитува...