Мбапе доби ултиматум: Сега или никогаш повеќе во животот!

Килијан Мбапе е фудбалерот за кој најмногу се зборува во последните денови, особено по маестралната игра во осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Мбапе е на крстопат во кариерата, па се напѓа под голем притисок на Реал Мадрид и ПСЖ. Двата клуба сакаат одговори што е можно поскоро.

Угледниот британски весник „Тајмс“ објави дека Реал Мадрид поставил јасен ултиматум пред Мбапе и дека нема да има враќање назад. Наводно, „Кралевите“ му порачале на Мбапе наскоро да донесе одлука и да се согласи на трансфер во Реал Мадрид, во спротивно неговите соништа да игра во дресот на Реал засекогаш ќе исчезнат.

На некој начин, на Мбапе му е даде „ултиматум“ за што поскоро да одлучи, имајќи предвид дека во Мадрид сакаат да се фокусираат на доведување на уште една светска ѕвезда. Стравот во Мадрид е оправдан, ПСЖ прави се за да го задржи 22-годишниот фудбалер. Му биле понудени дури 25 милиони евра само за да се согласи да потпише.

Освен тоа, му биле ветени разни бонуси и отстапки. Нему му беше понуден и краткорочен договор од две години со годишна плата од 60 милиони само за да остане. Планот на газдите на ПСЖ е во својот тим да ги имаат Меси, Нејмар и Мбапе.

Од друга страна, Реал сметаше дека работата е завршена со понудената плата од 50 милиони евра. Во летото 2017 година, Мбапе ги избра „светците“ пред „кралевите“, во Мадрид се надеваат дека нема да се повтори истото сценарио и ова лето.

Се вчитува...