Килијан Мбапе постигна уште еден исклучителен погодок за Реал Мадрид, за водство на „кралевите“ на жешкото гостување против Атлетик Билбао, и тоа во период кога Реал се наоѓа во сериозна резултатска криза и го загуби првото место на табелата од Барселона.
Се играа почетните минути од мечот кога Мбапе прифати една топка на средината од теренот, „вклучи турбо“ и тргна кон противничкиот гол, мина двајца ривали пред да го совлада голманот Унаи Симон.
Маестралниот погодок на Килијан Мбапе во Билбао можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

