Цела сезона 2025/26 на Реал Мадрид беше за заборав, но „кралевите“ на крајот дополнително ги исфрустрираа своите навивачи, дарувајќи го Килијан Мбапе со признанието „играч на сезоната“ на „кралскиот клуб“.
Французинот сезона играше променливо, но навивачите и јавноста се бесни на него поради однесувањето и непрофесионализмот, како и отворените критики во последните месеци на адреса на тренерот Алваро Арбелоа.
Сепак, „кралевите“ го избраа токму Мбапе за играч на сезоната, потсетувајќи дека тој постигна вкупно 42 гола сезонава. Мбапе беше најдобар стрелец во Ла Лига со 25 гола, воедно и прв стрелец на ЛШ со 15 погодоци.
Бројки за секоја почит, доволни за индивидуално признание, но не и за тимски трофеј…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
