Мбапе е само сон за Реал Мадрид, најголемите засилувања ќе бидат „промашувањата“

Уште една сезона која што може да биде категоризирана како неуспешна е зад Реал Мадрид, а „кралскиот“ клуб веќе и го започна „ремонтот“ за успех во годините кои следат. Од тимот замина Зинедин Зидан, а неговото место го пополни Карло Анчелоти кој ќе има тешка задача да го стабилизира тимот во корона-кризата.

Главна мета за „новиот Реал“ е Килијан Мбапе, но младиот Французин е само сон за мадридскиот состав. За Реал да може да си го дозволи 22-годишникот потребни се низа на заминувања од „Сантијаго Бернабеу“, поготово играчите кои имаат огромни примања, а имаат минимален или воопшто немаат придонес на теренот.

Скапите засилувања на кои се осврна мадридскиот состав во минатото како Герет Бејл и Еден Хазард е тешко дека ќе бидат продадени за примамлива цена со оглед на финансиката криза и нивната форма, а задача на Анчелоти ќе биде „восхреснувањето“ токму на овие играчи, како и Лука Јовиќ кој беше голема надеж на „белите“, но не ги исполни очекувањата.

Се вчитува...