Килијан Мбапе и во следните години ќе го гледаме во дресот на ПСЖ откако ја продолжи соработката со францускиот клуб, а во походот кон Лигата на Шампионите младиот голгетер до себе сака да го има соиграчот од репрезентацијата Усман Дембеле, пренесуваат француските медиуми.
Договорот на крилото со Барселона истекува на крајот на сезоната по што 25-годишникот ќе може слободно да ја бира својата нова средината, а Мбапе веќе го започнал „лобирањето“ изборот на ѕвездата да падне токму на ПСЖ.
Дембеле во 2017 година ја засили Барселона во спектакуларен трансфер од 140 милиони евра, но никогаш не ги оправда истите. Преголемиот број на повреди го земаа данокот, но францускиот репрезентатвец при крајот на сезоната успеа да ја подигне формата во пресрет на бурното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА