И покрај поразот од Баерн Минхен во Париз во првиот 1/8 финален натпревар во Лигата на шампионите, фудбалерот на ПСЖ Килијан Мбапе е уверен дека тимот може да се пласира во следната фаза и да го победи Баерн во Минхен.
Мбапе влезе од клупата во 57. минута и ја подобри играта на својот тим. Постигна и два гола кои беа поништени поради офсајд, но дефинитивно ПСЖ е далеку поопасен тим со него во составот.
„Последниот дел од натпреварот треба да ни биде пример како треба да играме во Минхен. Губевме, но им направивме проблеми. Ни требаат сите играчи да бидат здрави на реваншот за да победиме и да одиме понатаму. Видовме дека кога сите сме заедно можеме да играме, да играме напаѓачки фудбал“, рече Мбапе.
Истото мислење го дели и тренерот Кристоф Галтие кој кажа дека приказната ќе биде сосема поинаква во Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА