Мбапе: Не сум донел одлука за мојата иднина, ми треба време!

Изминатава вечер ПСЖ го совлада Монпелје со 4-0. Килијан Мбапе беше играч на натпреварот во кој покажа маестрална игра и постигна два гола и една асистенција. Французинот конечно по мечот даде изјава зборувајќи за својата иднина. Неговите зборови уште еднаш ја потврдуваат неговата желба да замине во Мадрид и да игра за Реал.

Досега се споменуваше дека Мбапе би го продолжил договорот, кој истекува во 2022 година, само за ПСЖ да го продаде за повеќе пари, но тоа не е опција за напаѓачот. Ако остане во Париз, тоа ќе биде на долг рок, бидејќи тој е среќен во клубот.

„Во моментов преговараме со клубот. Ако го продолжам договорот, тоа ќе биде на долг рок. Ќе донесам одлука наскоро, но ако потпишам нов договор, тоа ќе биде само затоа што сакам да останам тука повеќе години. Разговаравме за спортскиот проект со клубот, бидејќи тоа е многу важно при донесување одлука на долг рок “, рече Мбапе.

Не е тајна дека сонот на Мбапе е Реал Мадрид, но и дека „кралскиот“ клуб минува низ тежок период и дека во овој момент ПСЖ е подобар финансиски тим.

„Јас сум многу среќен тука, навивачите, луѓето во клубот, соиграчите … сите ме сакаат и поддржуваат. Но, морам да размислувам што сакам во наредните години и во моментов сум во фаза на анализа на целата ситуација. Да имав донесено одлука, ќе кажев денес. Потребно ми е време”, нагласи Мбапе.

Мбапе е многу јасен во намерата дека нема да потпише нов договор со ПСЖ само за една година, со цел парижаните да го искористат и да добијат поголема отштета. Ако Мбапе не го продолжи договорот до следната година, тогаш тој ќе биде слободен играч, а челниците во ПСЖ би било во голема финансиска загуба.

Се вчитува...