Мбапе одлучи: Останувам во Париз и ќе играм со Меси

Со месеци се шпекулира дека Килијан Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен една година пред да му истече договорот и дека сака да се пресели во Реал Мадрид.

Оваа „теорија“ беше уште поизразена по доаѓањето на Лео Меси во Париз. Сепак, Французинот изгледа не сака да ја пропушти можноста да игра во ист тим со славниот Аргентинец барем една година.

Претходните денови француските и шпанските медиуми ја објавија средбата на Килијан Мбапе со сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келафи, на која ќе побара да го напушти клубот.

Меѓутоа, сега пристигнуваат информации дека Мбапе претходно имал разговор со спортскиот директор на Париз, Бразилецот Леонардо и дека донел дефинитивна одлука да остане меѓу „светците“ уште една година.

Во исто време, тешко е да се очекува дека Пари Сен Жермен ќе успее да го убеди да потпише нов долгорочен договор.

Ваквата одлука на Мбапе донесе тага кај навивачите на Реал Мадрид, кои очекуваа дека одличниот Французин ќе биде следната голема аквизиција на „кралскиот клуб“. Сепак, веста не е толку лоша за Мадрид, кој ќе биде многу среќен да чека една година и да го донесе Мбапе без надомест како слободен играч.

 

 

 

 

Се вчитува...