Мбапе останува во ПСЖ, ниту ова лето нема да замине од Франција

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе нема да го напушти клубот во текот на летниот преоден рок. Актуелниот договор на Мбапе со „светците“ важи до 30 јуни 2022 година, а до овој период челниците на ПСЖ ќе се обидат да го продолжат неговиот договор, вака пренесува шпанска „Марка“.

Претходно беше објавено дека Реал Мадрид ќе плати импресивен бонус за напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, доколку играчот се пресели бесплатно во клубот во 2022 година. Во последната сезона на француското првенство, напаѓачот учествуваше на 31 натпревар, постигна 27 гола и седум асистенции.

Килијан игра за ПСЖ од 2017 година, а претходно ги бранеше боите на Монако. Да потсетиме, сезоната 2020/2021 во францускиот шампионат заврши со освојување на титулата на Лил, пред ПСЖ, а пред некој ден Лил го освои Суперкупот на Франција откако славеше над ПСЖ со 1-0.

Се вчитува...