Мбапе после 24 часа се огласи по поразот од Реал Мадрид: „Ја пропуштивме ЛШ…“

Кога Килијан Мбапе погоди против Реал на „Бернабе“, се чинеше се добро за ПСЖ и беа пред пласман во 1/4 финалето. Меѓутоа Карим Бензема во вториот дел постигна хет-трик, и така ги елиминираше Парижаните од Лигата на шампионите.

Многу прашина се крена после овој дуел, дека имало конфликт во соблекувалната меѓу играчи на ПСЖ, како и дека газдата на францускиот тим им се заканувал на судиите и на неколку официјални лица на Реал Мадрид.

Се огласи и Мбапе. Чекаше 24 часа после дуелот да го каже своето мислење.

„Лигата на шампионите беше голема цел за нас, но ја пропуштивме. Оваа сезона не е готова, и што и да се случи ќе бидеме силни и ќе се бориме до последниот меч. Благодарност до навивачите кои не поддржуваа. Ова е Париз!“, напиша Мбапе на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe)

Се вчитува...