Мбапе разочаран по ремито на Реал Мадрид: Мора да покажеме колку страшен тим сме

Реал Мадрид им приреди ново незадоволство на своите навивачи откако ремизираше со Џирона со 1-1 во 14. коло од Ла Лига, препуштајќи и го врвот на табелата на Барселона.

Разочарувањето не го криеше ниту Килијан Мбапе, францускиот репрезентативец кој од пенал донесе изедначување за својот тим, но и беше трагичар откако промаши голема шанса за водство пред самиот крај на средбата.

„Ова не е резултатот кој го посакувавме. Мораме да ја промениме динамиката и да покажеме колку страшен тим сме“, изјави Мбапе.

Се вчитува...