Мбапе: Се чувствувам како најдобар играч на светот, се надевам на Златната топка

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, додека се подготвува за стартот на Лигата на шампионите и утрешниот дуел со Интер, смета дека ова е „добра година“ за освојување на Златната топка.

„Среќни сме што повторно играме во Лигата на шампионите. Ќе одиграме одлично, а „Сантијаго Бернабеу“ ќе ни даде дополнителна мотивација“, вели Мбапе.

На прес-конференцијата пред дуелот со Интер, Французинот беше запрашан и за Златната топка која никогаш ја нема освоено во досегашната кариера.

Тој се надева дека годинава може го добие ова признание, а дека може да му помогне податокот дека беше прв стрелец на Светското првенство и кое се одржа во САД, Канада и Мексико.

„Кога играте за Реал Мадрид, нормално е да ве поврзуваат со ова признание. Многумина ми зборуваат за Златната топка. Тоа е позитивна работа, ова лето испишав историја, но ќе видиме.

Се вчитува...