Мбапе во Париз би останал само под еден луд услов – „Светците“ не сакаат да чујат било каков ултиматум

Вториот најскап светски фудбалер, Килијан Мбапе, кој досега четирипати ги одбил понудите на Пари Сен Жермен за нов договор, поставил еден услов под кој единствено може да ја продолжи соработката со парискиот гигант, ама тој е неприфатлив за раководството на „Паркот на принцовите“.

Мбапе е на една година пред истек на договорот, а веќе со одбивањето да го продолжи договорот, јасно става до знаење дека сака трансфер и веќе подолго време се најавува негов премин во Реал Мадрид, иако и Ливерпул влезе во трка за негов ангажман.

Но, ПСЖ не сака да го продаде по ниту една цена, па се појавија информации дека раководството дури планира да го плаќа само како гледач и Мбапе под казна цела сезона да седи на трибини. Сега, Мбапе на ПСЖ им понудил да ја продолжи соработката под услов во клаузулата од договорот да стои дека може да направи трансфер ако друг клуб е силно заинтересиран, во случајот посебно за Реал Мадрид.

Но, ваквото барање во Париз експресно го одбиле со образложение дека никогаш не би се согласиле на ваква клаузула и сега останува нејасно дали Мбапе ќе се соочи со казна или пак на крај на „Паркот на принцовите“ ќе се согласат да го продадат.

Ако ПСЖ се реши да го продаде Мбапе сигурно е дека ќе заработи над 100 милиони евра, што е одличен приход од фудбалер на 12 месеци пред истек на договорот. Мбапе во ПСЖ дојде во 2017 година од Монако за 185 милиони евра, пари кои парижаните ги платија една година потоа.

Се вчитува...