„Ме избркаа мене зошто сум бил стар, а сега го донесоа Рамос“

Тијаго Силва стана европски првак со Челси, но бразилскиот ветеран не може да се помири што ПСЖ го избрка од тимот без да му биде понуден нов договор. Бразилецот тогаш беше подготвен и на значително намалување на платата, но директорот Леонардо не му испрати никаква понуда, по што Силва се пресели на „Стемфорд бриџ“.

За неговите фрустрации да се уште поголеми, ПСЖ летово го донесе Серио Рамос како ветеран на неговата позиција, нудејќи му двогодишен договор.

„Многу размислувам за она што ми се случи во ПСЖ. Немам ништо лично против Серхио Рамос. Но, тие му понудија двогодишен договор, а се наоѓа на иста возраст како јас кога не сакаа да ми понудат таков договор. Не можам да разберам, искрено ми е жал за се што се случи. Некои луѓе мислат дека има врска со пари, но никогаш не стануваше збор за финансии. Јас сега заработувам двојно помалку, но никогаш не стануваше збор за пари бидејќи јас сакав да останам во ПСЖ, но клубот имаше поинакви планови“, изјави Силва.

Се вчитува...