Мечот Металург – Татран Прешов ќе има хуманитарен карактер: „Играме за Дарија“

Натпреварот од седмото коло на СЕХА-лигата меѓу Металург и Татран Прешов, кој ќе се одигра в сабота во ВИП арената СЦ “Борис Трајковски“, ќе има хуманитарен карактер, објавија од македонскиот клуб. Парите од влезниците ќе бидат донирани за лекувањето на малата Дарија, која поради предвременото породување е во критична состојба и е задржана во единствената приватна клиника која нуди стручна нега за нејзиното опоравување.

Цената на влезниците ќе биде 100 денари, а средбата ќе се одигра в сабота, со почеток во 20.15 часот.

Вашата финансиска помош можете да ја реализирате и преку:

Сметка во Тутунска банка: 210501648152948

Телеком број: 143 193

ВИП број: 143-489

Се вчитува...