Медалистите од Европското првенство во Финска со музика пречекани во Скопје (ВИДЕО)

Зад македонската карате федерација е уште еден успешен настап на Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори до 21 година, кое овој пат беше одржано во Тампера, Финска. На него учествуваа 1080 натпреварувачи од 45 земји, а нашите каратисти успеаја да освојат четири медали.

Најголем успех имаше Стефан Стојановиќ кој освои златен медал во јуниорска конкуренција, со сребро се закитија Столе Смилковски во конкуренциајта у21 и Андреј Басаров кај кадети. Додека бронзениот медал го освои Матеј Белистојаноски во кадети.

Селекторот Алекснадар Кузмнаовски ги пренесе целите импресии од настапот на нашите каратисти на Европското првенство Тампере. Анализата ви ја пренесуваме во целост:

„Инпресии и емоции не можеа да се скријат. По не знам кој пат на висина на својата задача достојно ја преставија Македонија и освоија четири медали и покажавме зошто сме најдобра спортска федерација во Македонија и зошто каратето е еден од најтрофејните спортови. Три медали во помалите категори за кадети и јуниори и еден, ама можам со право да кажам најтежок и највреден во помлади сениори до 21 година.

Во кадети одличен настап и сребрен медал освои Андреј Басаров во плус 70 кг. Во кадети минус 57 забележителен настап имаше Или Билали кој се пласираше на 5. место, тука ќе ги пофалам сите натпреварувачи Ива, Михаела, Ера, Марио, Или, Вукашин, Лука и Андреј во кадети кои 90 проценти се млади и ова за нив е прв настап на Европско првенство генерација која што ветува многу, каде треба да се вежба техничко и многу на тактички план. За некој искуството беше пресудно. Морам да напоменам дека соработката со клубовите за време на подготовките беше одлична.

Во делот на јуниори солиден тим и немаше да биде изненадување ако имавме уште некој медал. Ова се натпреварувачи кои имаат искуство и ова им е трето или четврто првенство од врвен квалитет. Пред две години беа кадети сега јуниори, толку се со мене во мојата селекција, Бојан Костов кадетски медалиста од Европско во Данска и Светско во Чиле, а минатата година медал на Европско за јуниори во Будимпешта. Сега за жал изгуби на судиско изјаснување во борбите за влез полуфинале. Матеј Белистојановски и Стефан Стојановиќ претходното Европско беа 5-то пласирани во моја селекција, се веќе повеќе од две години заедно.

Кадети и јуниори на ова Европско Стефан Стојановиќ освои 1. место, а Матеј Белистојановски 3. место тоа е еден голем успех, но пак ќе кажам јавно ќе ги пофалам Канита, Рудина, Јована, Адеми, Матеј, Бојан, Љупче, Андреј, Стефан кои ја преставија Македонија во убаво светло како тим екипа која неколку години работиме за да постигнеме високи спортски резултати на меѓународни првенства. Оваа генерација на има потенцијал за во иднина. Само работа континуитет упорност ќе ги донесе до врвни резултати.

Во делот на У21 или помлади сениори кое е едно од најмасовните и најквалитетните категории во карате, овде е и најтешко да се освои медал поради фактот дека овие натпреварувачи се и освојувачи и на сениорски натпреварувања. На мое особено задоволство, мојот натпреварувач Столе Смилковски имаше инзвонредни шест борби од кој пет победи и еден пораз со што се закити со сребрен медал со златен сјај и стана вицешампион на Европа.

Ме радува поради фактот што овој натпреварувач исто како и другите кадети и јуниори е од кадети со мене во селекција. Истиот е и носител на 3. место европски медал во Лимасол, Кипар, но овојпат второ место сребрен медал во највозрасна категорија У21.

Честитки до Столе Смилковски до мојот колега тренер од репрезентација Арлинд Хусеини и до мојот клупски колега од Карате Клуб Олимпик тренерот Кристијан Младеновски. Честитки уште еднаш на сите освојувачи нивните тренери од клубовите и до сите заслужни за тоа што македонското карате испишува уште еднаш нови страници во историјата на македонскиот спорт на Европско ниво. Благодарност до Карате Федерација на Македонија и Агенцијата за Млади и спорт за подршката и овој резултат треба да го наградат“

Се вчитува...