Меџик Џонсон имаше што да каже за мегатрансферот на Дончиќ

Големата размена меѓу ЛА Лејкерс и Далас со која Лука Дончиќ стана нов член на „езерџиите“ од Ел-Еј се уште е главна вест во американската спортска јавност.

Шокот се повеќе се намалува, а голем дел од легендарните кошаркари имаат спротивставени ставови околу тоа што може Дончиќ да им донесе на лејкерси до крајот на оваа сезона, но и во иднина. Така, додека Чарлс Баркли се сомнева дека Лука може да биде перфектен партнер за Леброн Џејмс, легендарниот Меџик Џонон е оптимист за иднината на тимот од Лос Анџелес предводен од Словенецот.

„Лука Дончиќ ќе направи Ла лејкерс повторно да биде конкурент за титулата. Ќе го тргне притисокот од Леброн со својот шут и способностите за организација на нападите, воедно и ќе направи секој соиграч да биде уште подобар кошаркар. Леброн ќе има позитивно влијание врз Лука, ќе му го пренесе својот шампионски менталитет, меѓу другото и за тренинзите и за грижење за своето тело. Овој трансфер може да донесе само позитивни работи за ЛА Лејкерс“, изјави легендарниот Меџик Џонсон.

Се вчитува...