Лос Анџелес Лејкерс покажуваат засилен интерес за Каваи Ленард. Американските медиуми тврдат дека негови претставници ќе се сретнат со претставниците на клубот, но наводно најкорисниот играч на финалната серија побарал на состанокот да биде присутен и Меџик Џонсон.
Според регулативата, Џонсон иако веќе не е директор за кошаркарски операции во Лејкерс, има право на присуство, но неговто име не смее никако да биде официјално инволвирано во потенцијалните преговори.
Џонсон во изјава за ЕСПН рекол дека досега никој од него ништо не побарал, но оти ако Каваи сака, тој ќе помогне во ситуацијата.
За Каваи Ленард се заинтересирани и неговиот досегашен клуб, Торонто и Лос Анџелес Клиперс. Од недела во НБА лигата почнува периодот на слободните агенти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА