Поранешниот НБА кошаркар и легенда на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон е прогласен за милијардер од бизнис магазинот Форбс.
Познатиот кошаркар стана само четвртиот спортист, дел од ексклузивниот клуб на милијардери, во кој се и Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и голферот Тајгер Вудс.
Форбс го процени неговото богатство на околу 1,2 милијарди долари. Џонсон играше за Лос Анџелес лејкерс од 1979 до 1996 година и во тој период беше петкратен шампион во НБА. Во својата кариера освои три МВП признанија.
Британскиот Би-Би-Си наведува дека најголемиот дел од неговото богатство содржи удел во компанијата за животно осигурување „EquiTrust“. Меџик има акции во Старбакс, Бургер Кинг и други помалку популарни компании.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА