Меџик типува дека Леброн ќе биде МВП, Дончиќ е на второ место

Меџик Џонсон смета дека Леброн Џејмс има најголеми шанси да го понесе признанието за најкорисен играч во НБа лигата сеопзнава. Легендата на Лигата објави листа со 16 имиња на која ги рангираше, според него, кандидатите за наградата. Меџик Џонсон за МВП беше прогласуван трипати, во 1987, 1989, 1990 година.

Леброн Џејмс го предводи списокот, зад него на делба на второто место се Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо. Потоа се Џејмс Харден, Каваи Ленард, Ентони Дејвис, Никола Јокиќ, Џоел Ембид, Џејсон Тејтум, Паскал Сијакам, Донован Мичел, Бен Симонс, Кајри Ирвинг, Демиан Лилард, Карл Ентони Таунс и Девин Букер.

 

 

 

 

Се вчитува...