Медиумите ја објавија сумата која Раиола ја заработил од трансферите на супер-ѕвездите

Најпознатиот светски фудбалски агент, Мино Раиола почина вчера, два дена откако италијанските медиуми „однапред“ објавија неточна вест.

Контроверзниот Раиола се грижеше за кариерите на бројни светски ѕвезди, а на сите трансфери заработи повеќе од сериозни суми. Како што го опишуваат најблиските, всушност живееле интензивен професионален живот со мислите единствено на работата. За него никогаш не постоел приватен живот.

Само на трансферот на Пол Погба во 2016 година од Јувентус во Манчестер јунајтед, за основица од 105 милиони евра, за себе издвоил 25 милиони евра, а неминовниот трансфер на Ерлинг Халанд се оддолжуваше само поради огромната провизија за Раиола која го правеше значително поскап од 75 милиони евра излезната клаузула.

Раиола секогаш работеше на трансфери вредни меѓу два и сто милиони евра, а најмалата за него провизија била 10%, но често и 5% провизија за маркетиншките договори.

Според податоците на Форбс од 2020 година, во својата кариера испреговарал трансфери вредни вкупно една милијарда евра.

Бројни медиуми деновиве калкулираа со сумата која ја заработил од трансферите на најпознатите фудбалери, и таа изнесува околу 100 милиони евра. Но, сигурно би била повисока да успееше да го изведе до крај трансферот на Ерлинг Халанд.

Се вчитува...