Медведев, Иснер и Зверев без проблеми, Монфилс се мачеше но го победи Карловиќ

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во третото коло на Австралија опен со победата над Шпаневот Педро Маринес со максимални 7-5, 6-1, 6-3.

Четвртиот носител лесно стигна до победата по два часа и седум минути игра.

Лесна победа запиша и Германецот Зверев, во три сета, со 7-6, 6-4 и 7-5 против Белорусинот Герасимов.

Французинот Монфилс се мачеше, но ја оправда фаворитската улога против хрватскиот тенисер Иво Карловиќ победувајќи во четири сета, со 4-6, 7-6, 6-4 ,7-5.

Џон Иснер, исто така лесно, во три сета го победи Чилеанецот Табило.

На женскиот турнир, Каролина Плишкова и Анџелик Кербер рутински се пласираа во третото коло.

Плишкова за час и половина ја победи Германката Лаура Зигмунд со 6-3, 6-3, додека Кербер беше подобра од домашната тенисерка Присила Хон победувајќи со 6-3, 6-2.

Се вчитува...