Медведев си закажа полуфинале со Синер на Мастерсот во Мајами

Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мајами откако во два сета славеше против Николас Јари.

Медведев го доби лесно првиот сет со 6-2, а во вториот одлучуваше тајбрејкот во кој рускиот тенисер славеше со 9-7 па на крај дојде до победа во два сета.

Во полуфиналето Медведев ќе се соочи со Јаник Синер кој претходно во два сета го победи чешкиот тенисер Махач со 6-4 и 6-2.

Се вчитува...