Мега-трансферот е комплетиран: Де Коло потпиша за Фенербахче

Најзвучниот трансфер во кошаркарска Европа од денеска е и официјален – Нандо де Коло го облекува дресот на Фенербахче откако потпиша повеќегодишен договор со турскиот гигант. Французинот по освојувањето на втората евролигашка титула реши да си замине од ЦСКА Москва, доби интересни понуди од Валенсија, Реал Мадрид, Барселона, па и од екипи од НБА, но на крајот сепак го прифати предизвикот за преселба во Фенербахче.

Турскиот гигант остана без Гудуриќ и Мели, кои заминаа во НБА-лигата, но со ангажманот на Де Коло тимот на Жељко Обрадовиќ на најдобар можен начин потврдува дека е решен повторно да атакува на тронот на кошаркарска Европа.

Тој е вториот клучен играч што си замина од ЦСКА летово, откако Кори Хигинс ја одби понудата на рускиот тим и потпиша договор со Барселона.

Се вчитува...