Меѓународниот олимписки комитет со историска одлука

За првпат во историјата, секој олимпијец ќе има право на грант од 10.000 американски долари преку новата програма „Fit for the Future Olympian Grant“, која започнува и ќе важи со почетокот на Зимските Олимписки игри Милано Кортина 2026.

Целта на иницијативата е да обезбеди дополнителна поддршка за спортистите во текот на нивната кариера, но и во периодот по завршувањето на натпреварувањето на највисоко ниво.

„Македонскиот олимписки комитет ја поздравува оваа значајна иницијатива, која претставува уште една потврда за посветеноста на олимпиското движење кон благосостојбата и иднината на спортистите. Ваквата поддршка ќе им овозможи на олимпијците поголем фокус на своите спортски цели, подобри услови за развој и дополнителна сигурност во планирањето на нивната иднина“, соопштуваат од Македонскиот олимписки комитет. 

Се вчитува...