Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер сигурно останува на „Олд Трафорд“ и идната сезона, откако ги одбил сите понуди, особено од Италија кои пристигнале на негова адреса.
Англискиот репрезентативец беше мета на критики изминатите неколку сезони, и навивачите побараа негово заминување, но тој не размислува на таков потег. Според „Дејли Мејл“ за него имаше интерес од неколку клубови од Серија „А“, но не успеаја да го добијат неговиот потпис.
Мегваер веќе седма сезона ќе биде дел од Манчестер Јунајтед, откако во 2019 година дојде од Лестер за сума од 70 милиони фунти. Меѓутоа во последно време прави многу киксови, што наидува на потсмев кај фановите.
Договорот на 32-годишниот фудбалер истекува во јуни идната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

