Мејведер се пофали со новиот часовник од 18 милиони долари!

Американскиот боксер Флојд Мејведер реши да се почести со уште еден скап подарок. Најбогатиот спортист во светот познат по својата ексцентричност, си купи дијамантски часовник вреден 18 милиони долари и вообичаено, се пофали на социјалните мрежи.

„Часовникот за милијардери“ е направен од 18-каратно бело злато прекриено со 260-каратни дијаманти и е еден од највредните во светот.

„Ова е мојот нов часовник, се вика „часовник за милијардери“. Чини 18 милиони долари“ – се пофали Мејведер.

Се вчитува...