Мејведер тотално уништен: По семејната трагедија и смртта на двајца најблиски, се откажува од борбите

Поранешниот боксерски шампион во пет категории, Флојд Мејведер минува низ исклучително тежок период од животот. Во само неколку дена загуби две повеќе од драги свои личности кои го одбележаа неговиот живот.

Најпрво на 11. март мајката на неговите три деца, Џоси Херис беше пронајдена мртва во автомобил. Нејзината смрт посебно го погоди Мејведер, а сега следи и нов шок. Пред два дена почина неговиот стрико Роџер, човекот кој од него создаде шампион, човекот кој го водеше низ професионалната кариера.

Поради овие семејни трагедии Мејведер ги откажува сите настапи кои ги планираше до крајот на годината. Имаше намера да се бори со Хабиб Нурмагомедов или со Конор МекГрегор, во меч за голема заработка. Но, по сето ова за него сето тоа е во втор план.

Се вчитува...