Мекалум го одведе Портлад до историја и до финале против Голден Стејт (ВИДЕО)

Голден Стејт-Портланд на Запад и Милвоки-Торонто на Исток. Ова се двојките за финалните серии во двете конференции од НБА лигата октако Протланд и Торонто ги добија полуфиналните мајсторки против Денвер односно Филаделфија.

Портланд во крајно драматичен натпревар, предводен од Си Џеј Мекалум го елиминираше фаворизираниот Денвер и по пауза од 19 години е во финалето на Западната конференција. Во дуелот кој се одигра на теренот на „нагетс“, домаќините ја имаа комплетната контрола во првото полувреме, водеа дури и со 17 поени, но во вторто полувреме, Портланд пред се благодарение на Макалум направи компелтен пресврт.

И без вообичаениот учинок на Демијан Лилард кој постигна вкупно 13 поени, со 37-те поени на Мекалум, Портланд забележа историски тирумф. На Денвер ништо не му значеше дабл-дабл ефектот на Никола Јокиќ, тој постигна 29 поени и имаше и 13 скока, но ја немаше вообичаената поддршка од Џамал Мареј кој заврши со 17 поени.

Финалето на Запад против бранителот на титулата, Голден Стејт, Портланд го почнува веќе за два дена. Предоста на домашен терен во серијата ја има тимот од Калифорнија.

 

Се вчитува...