Мекејлеб прашува: Кој ќе го земе последниот шут во Бруклин?

Трансферот на Џејмс Харден од Хјустон во Бруклин е вистинска „бомба“ во американскиот спорт што предизвика бурни реакции, а една од најинтересните стигна од Лестер Бо Мекејлеб.

Поранешниот македонски репрезентативец го потенцираше фактот дека Бруклин ќе има тројца екстра-квалитетни, но и себични кошаркари во своите редови (Харден, Дурант и Ирвинг), па преку својот твитер-профил јавно праша: Фанови на Нетс, кој ќе го земе последниот шут??!!

 

Се вчитува...