МекГрегор се збогуваше од Хабиб Нурмагомедов во свој стил: Не заборавај кој те создаде… (ФОТО)

Откако сопственикот на УФЦ, Дана Вајт објави дека Хабиб Нурмагомедов и дефинитивно оди во пензија, а дагестанската легенда тоа го потврди, на сето тоа реагираше и најголемиот ривал на Габиб, единствениот човек кој против него добил рунда, Конор МекГрегор.

Конор е свесен дека токму тој е најзаслужниот за растот на Хабиб до ѕвездите, па во свој стил му испрати порака преку социјалните мрежи…

„Среќна пензија, мали. Никогаш немој да заборавиш кој те создаде, директно од моите големи ирски ма..ња. Запомнете народе, ако толку многу мрзите да симнувате килограми тогаш одите во потешка категорија“ – напиша МекГрегор.

Оваа порака на МекГрегор е и околу гласините дека Хабиб се одлучил да оди во пензија затоа што му станало претешко да симнува килограми пред борбите. Затоа Конор му порача да премине во велтер-категорија, но Дагестанецот не сакаше тоа да го направи затоа што целата своја кариера ја изгради до 70 килограми.

Се вчитува...