Мекиќ: Го сакам МЗТ, но кога играм против него нема емоции

Битолскиот суперлигаш Пелистер ќе го пречека актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром во петтото коло од кошаркарската Суперлига на Македонија. Бекот на Битолчани Адем Мекиќ вели дека секогаш е задоволство да се игра против клубот во кој помина убави мигови во кариерата.

„Го сакам МЗТ Скопје Аеродром и секогаш е убаво да се игра против него. Сепак, сите ние сме професионалци и тие 40. минути нема емоции кај мене. Тие се фаворити, но ние ќе дадеме се од себе и ќе се обидеме да направиме изненадување“, изјави за ЕКИПА.мк Мекиќ. 

Мекиќ додава дека иако се одлично подготвени, се уште треба време да се воиграат, но дека полека но сигурно влегуваат во посакуваниот ритам.

„Иако сме добро подготвени, се уште се воигруваме, бидејќи сме кратко време заедно. Полека влегуваме во посакуваниот ритам, но како ќе одминува сезоната ние ќе бидеме уште подобри. Ќе повторам секогаше е задоволство да се игра против МЗТ и со нетрпение очекувам да почне мечот“, заврши Мекиќ. 

Натпреварот меѓу Пелистер и МЗТ Скопје ќе се игра утре во 18 часот во арената „Боро Чурлевски“ во Битола.

Се вчитува...