Мекинро ја замоли Серена да ја надмине „лудата тетка“ и да ја прати во историјата

Џон Мекинро ја повика Серена Вилијамс да го надмине рекордот на Маргарет Корт од 24 Грен-слем титули и да ја испрати заедно со нејзините “навредливи ставови“ во историјата. Денеска, Австралија Опен ја одбележа 50-годишнината откако Корт го комплетираше календарскиот Грен-слем, но 77-годишната Австралијка и покрај историското постигнување не е омилена во светот на тенисот поради нејзините ставови околу ЛГБТ заедницата. Во видео на Еуроспорт за кој работи како аналитичар, Мекинро вели дека Корт е „ноќна мора за Австралискиот тенис“. Тој  ја нарече Корт „луда тетка“ која ја користи Библијата како што си сака.

„Серена, те молам направи ми услуга и освој два грен-слема годинава и дојди до бројката од 25 за да можеме да ја оставиме Маргарет Корт и нејзините навредливи ставови во минатото каде и што припаѓа“ – вели Мекинро.

Маргарет Корт е жестото против геј браковите кои во Австралија се легализирани во 2017 година. Исто така еднаш изјави дека тенисот е „полн со лезбејки“. Таа дури одлучи да бојкотира австралсика авиокомпанија која според неа била промотор на геј-браковите.

 

 

 

 

Се вчитува...