Мекинро: Новак ќе биде „лошо момче“ до крајот на животот

Легендарниот тенисер Џон Мекинро смета дека дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од УС опен ќе биде „дамка“ која тој никогаш нема да може да ја избрише. Првиот светски рекет беше дисквалификуван откако при негатива од 6-5 во првиот сет во осминафиналето против Карено Буста несмасно со топче ја погоди линиската судијка.

„Попушти под притисок. Многу работи се случуваа и надвор од терените. Очигледно сето тоа влијаеше на него и сега дали му се допаѓа тоа или не тој ќе биде „лошо момче“ до крајот на животот. Многу тоа оди во негова корист да биде најдобар на сите времиња, но оваа „дамка“ нема да може да ја избрише“, изјави Мекинро.

Легендарниот Американец исто така има заработено дисквалификација на грен-слем турнирите откако во 1990 поради расправа со главниот судија и супервизорот беше исфрлен од Австралија опен.

Се вчитува...