Мекларен доживеа срам на Големата награда на Лас Вегас откако возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри кои ги освоија втората и четвртата позиција беа дисквалификувани поради технички проблеми со болидите.
Мекларен заминува од САД без освоен бод што на две трки пред крајот на првенството дополнително се продлабочи битката за шампионскиот трофеј помеѓу двата возачи на Мекларен и Макс Ферстапен.
„По крајот на трката во Лас Вегас воочено е дека сме го пркршиле членот 3.5.9 од Техничкиот правилник кој наложува минимум девет милиметри дебелина од подните плочи. Возилотот 4 ја прекрши оваа пропозиција за минимални 0.12 милиметри, а возилот 81 за максимални 0.26 милиметри.
Како што истакнува ФИА, прекршувањето на правилата не е намерно, ниту е свесен обид да избегнување на правилоата, а постојат и олеснителни околности“, стои во дел од соопштението на Мекларен кој наведува дека прекршувањето на препозициите не е намерна грешка, туку станува збор за допир со асвалтот во текот на трката кој довел до проблемот.
Мекларен им се извини на Норис и Пјастри како и навивачите на Мекларен за дисквалификацијата и загубата на бодови во клучните моменти од шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

