Мекларен на Алонсо му нуди договор до крај на кaриерата

Мекларен настојува на секој начин да го задржи Фернандо Алонсо колку што може подолго во тимот. На Шпанецот на крајот на сезоната му истекува договорот и најави дека по летната пауза ќе реши каде ќе ја продолжи кариерата.

Шефот на Мекларен, Зек Браун, по трката за ГН на Австралија изјави дека Алонсо ако одлучи, може да остане во нивниот тим до крајот на кариерата. Но, двојниот светски шампион веќе губи надеж во борбата со слабиот болид на некогаш славниот британски тим и со спориот развој на моторите на Хонда.

Фернандо е многу добро физички подготвен и може да се натпреварува барем уште пет години. Пред него има уште многу можности. Ако посака, јас сум подготвен да работам со него и до крајот на неговата кариера во Формула 1. Не сум видел помотивиран човек од него. Вие ги гледате само моментите кога е разочаран и искрен пред вас. Но, всушност, Фернандо е подготвен да работи секој момент на подобрувањето на болидот. Само да успееме да му дадеме болид што ќе биде конкурентен со болидите на лидерите, многу добро знаете што ќе се случи. Целта ни е повеќе да не го гледаме тажен  и да има можност да се бори за победи“ – вели Браун.

Се вчитува...