Мекларен сака да го врати Хамилтон

Извршниот директо на Мекларен, Зак Браун, изјави дека би го поздравил враќањето на Луис Хамилтон во британскиот тим, доколку не го продолжи договорот со Мерцедес.

Но, тоа сценарио е тешко остварливо, ако се суди според најавите од Мерцедес да го задржат четирикратниот шампион во своите редови на подолг рок. Неодамна, извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека само прашање на време е официјалното продолжување на соработката со Луис Хамилтон на кого актуелниот договор му истекува на крајот на 2018. Но, ако пропаднат преговорите, Браун изјави дека Мекларен е подготвен да го врати Хамилтон во своите редови.

„Мислам дека нема тим што не би пројавил интерес за Луис Хамилтон. Тоа се однесува и за нас. Тој е страшна придобивка за секој тим. Со нас има долга историја и е во приојателски односи со раководството“ – изјави Браун.

Се вчитува...