Мелиќи: „Имавме осум измени во тимот, треба време, резултатите ќе дојдат“

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Станикевски

Дефанзивецот на Шкендија, Анес Мелиќи вели дека македонската репрезентација воопшто не одигра лошо на гостувањето против Словенија во Љубљана, но за жал осамна уште еден пораз оваа година.

„Мислам дека одигравме подобар натпревар од оно со Швајцарија. Првото полувреме беше одлично, но потоа примивме наивни голови по наши грешки. Со оглед на тоа што во тимот имаше осум измени во однос на претходниот натпревар, мислам дека треба малку време да се воспостави хемијата во тимот и сигурно ќе дојде и голот. Треба вака да продолжиме, па резултатите ќе дојдат“ – вели Мелиќи.

Се вчитува...