Мелоун го демантираше кошаркарскиот сојуз на Србија

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун ја демантираше информацијата на кошаркарскиот сојуз на Србија дека ќе биде дел од стручниот тим на Игор Кокошков во репрезентацијата за квалфикацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио.

Сојузот вчера ја објави информацијата дека Мелоун ќе има советничка улога, но предводникот на Денвер на прашање за ваквиот ангажман рече „тоа не е точно“.

Репрезентацијата на Србија во Белград ќе биде одмаќин на еден од двата квлафикациски олимписки турнири. Ќе игра против Доминиканска Република и против Нов Зеланд. Само победникот на турнирот ќе оди во Токио.

Се вчитува...