Мелоун и Баденхолцер тренери на Ол-стар тимовите (ВИДЕО)

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, ќе го предводи тимот на Леброн Џејмс на Ол-стар викендот, додека предводникот на Милвоки Мајк Баденхолцер, ќе биде на клупата на тимот на Јанис Адетукомбо, соопшти НБА.

Тренерите се последни кои ги објавува лигата за „викендот на сите ѕвезди“ откако се веќе познати почетните петорки и резервните тимови.

Да се предвои тим на Ол-стар викендот е престиж и за најдобрите тренери, па по објавувањето на имињата во соблекувалната на Денвер имаше голема прослава за Мајк Мелоун кој со неговиот тим е на водечкото место во Западната конференција.

И Баденхолцер има одлични резултати со Милвоки и неговиот тим го предводи Исток, но има и најдобар биланс во лигата.

Се вчитува...