Мелвин Ричардсон нов соиграч на Талески во Рајн Некар Левен?

Десниот бек на Монплеје и на репрезентацијата на Франција, Мелвин Ричардсон, е на радарот на Рајн Некар Левен. Германскиот тим настојува да го донесе во своите редови 21-годишниот Французин кој го покажа својот раскошен талент во дресот на Монпелје на Ф4 турнирот во Келн како и во настапите со француската репрезентација.

За младиот Ричардсон заинтересирани се и Веспрем, Кил и Фленсбург, но според француските медиуми, Рајн Некар Левен е најконкретен во својата понуда. Индиректно тоа го потврди и менаџерката на Рајн Некар Левен, Џенифер Китеман во интервјуто за Скај Спорт, одговарајќи на прашањето дали има вистина во шпекулациите дека Уве Генсхајмер и Мелвин Ричардсон доаѓаат во Манхајм.

Тоа се многу интересни играчи. И ако сакате да знаете, јас веќе сум ги слушнала тие имиња…

Мелвин Ричардсон со Монпелје има договор до 2021 година, но германскиот весник Манхајмен Морген, објави дека раководството на Рајн Некар Левен веќе има постигнат договор со Французинот и можно е тој порано да им се приклучи на „лавовите“.

Рајн Некар Левен бара алтернатива на десната бековска позиција за 38-годишниот Александар Петерсон. Иако на Исланѓанецот му е понудено продолжување на договорот до 2020 година, од Рајн Некар Левен сепак, посебно внимание посветуваат на обновувањето на тимот и на ангажманот на Мелвин Ричардсон. Во прилог на германскиот тим во реализацијата на овој трансфер оди и фактот што дел од Рајн Некар Левен во 2009 година беше и неговиот татко Џексон Ричардсон.

Се вчитува...