Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ повторно е во центарот на голем скандал. Италијанските медиуми пренесоа дека тој пијан бил во локална болница, по што морале докторите да интервенираат и да повикаат полиција. Менаџерот на Хрватот, Мирослав Бишаниќ вели дека Брозовиќ само сакал да види дали неговиот пријател е добро бидејќи изгубил многу крв.
„Пријателот на Марсело паднал во базен синоќа и се здобил со исекотина на ногата. Започнало силно крварење, а откако Марсело дознал веднаш повикал такси, бидејќи не може да вози затоа што нема возачка дозвола . Поради коронавирусот во Милано, во болниците се применуваат посебни правила, така што случаите добиваат различни бои на приемот. Итните се црвени, а пријателот на Марсело беше ставен во последната категорија затоа што неговите повреди не беа опасни по живот. Марсело многу се плашеше дека може да искрвари, па малку го крена гласот“, открива менаџерот на Брозовиќ.
На Брозовиќ му е одземена и возачката дозвола бидејќи пред неколку седмици беше фатен како вози во алкохолизирана состојба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА