Менаџерот на Ротерам сакаше да го имитира Пеп, ама прими „седумка“ од тимот на Гвардиола (ФОТО)

Ротерам имаше огнено гостување на „Етихад“ во ФА купот на Англија. Менаџерот на овој тим, Пол Ворн, се обиде да го „украде“ стилот на Пеп Гвардиола на клупата, но тоа не му помогна да оствари добар резултат. Напротив, Ротерам со седум гола во мрежата си замина дома.

Медиумите на Островот си поиграа со тренерот на Ротерам, кому веројатно идол му е токму Гвардиола. Можеби стилот е ист, но дефинитивно тренерскиот занает подобро го владее Пеп.

Се вчитува...