Менди остана без Ламборџини од 500.000 евра, полицијата ќе му го уништи

Бенжамин Менди се соочува со огромни проблеми откако британската полиција му го одзеде луксузниот автомобил Ламборџини Авентадор, па сега постои сериозна опасност ова возило да му биде уништено од страна на властите.

Имено, Менди беше запрен од полицијата пред триесетина дена, при што било утврдено дека тој нема возачка, но и не ги поседувал документите околу осигурувањето на возилото. Во Англија во вакви случаи полицијата може да го заплени возилото и потоа да го продаде на аукција или да го демолира доколку сопственикот во следните 14 дена не ја достави потребната документација.

„Бен е одлично момче, но не знае ништо за законите. Очајнички сака да ја поправи работата, но минаа 20 дена откако автомобилот му беше запленет. Големи се шансите полицијата да му го уништи ламборџинито, бидејќи мина премногу време, иако му ветија дека кога ќе ги покаже документите ќе му го вратат автомобилот“, изјави близок пријател на францускиот интернационалец.

Дефанзивецот на Манчестер Сити го купи луксузното возило во Франција за сума од над половина милион евра, но очигледно не си ја завршил „домашната задача“ со документите за истото да го користи во Велика Британија.

Се вчитува...