Мертенс го продолжува договорот со Наполи до 2023 година за помала плата

Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс, би можел да остане во Наполи до 2023 година. Белгиецот е согласен дури да игра и за помала плата од сегашната.

Во моментов примањата на Мертенс се 4,5 милиони евра годишно, пресметано со бонуси. Според новиот договор, драстично ќе се намали неговата плата, и на новиот договор ќе биде 1,5 милиони евра.

Фудбалерот истакнал дека сака да ја заврши кариерата во клубот од Неапол.

Се вчитува...