Мертенс: Не беа подобри од нас, самите го загубивме мечот

Фудбалерите на Наполи не успеаја во 180 минути да постигнат гол против Арсенал во четвртфиналето на Лигата на Европа, со што тимот од Лондон со вкупен резултат од 3-0 се пласираше меѓу четирите најдобри во најмасовното европско фудбалско натпреварување.

Синоќа на „Сан Паоло“ со голот на Александер Лаказет, „топџиите“ триумфираа и на реванш дуелот, меѓутоа според ѕвездата на Наполи, Дриес Мертенс поразот е незаслужен.

„Првите 10 или 15 минути имавме шанси и да дадевме голе се ќе беше поразлично. Примивме гол кој не потресе, но се уште верувавме и знаевме дека Арсенал не е толку добар. Немаат квалитет поголем од нашиот и искрено самите го изгубивме мечот“, изјави Мертенс. 

Арсенал со победата на Наполи, закажа двомеч со шпанската Валенсија. Првиот натпревар ќе се игра на 2. мај на „Емирејтс“ во Лондон, а реваншот е седум дена подоцна на „Местаља“.

Се вчитува...