Мертенс се сели во Кина?

Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс доби богата понуда од Кина за да ја напушти Италија и кариерата да ја продолжи во Гвангжу Евергранде. Тој би заработил 30 милиони евра за три сезони доколку одлучи веднаш да си замине од Неапол. Сепак, тој има актуелен договор со „наполитанците“ и конечниот одговор ќе мора да го даде претседателот Аурелио де Лаурентис.

Претходно, и долгогодишниот капитен на Наполи, Марек Хамшик, го прифати кинескиот предизвик и замина во редовите на Далијан.

Се вчитува...