Меси е „мелем“ на рана, Барса со победа над Хуеска ја неутрализираше болката од ЛШ

Лионел Меси го отвори натпреварот во првото полувреме, постигнувајќи евро-гол во 13. минута. Играчите на Барселона покажаа голема одлучност и мотивираност која што ја демонстрираа и на нивниот последен натпревар со ПСЖ, па оставрија голема победа над Хуеска со резултат од 4-1. Водството го зголеми Антоан Гризман постигнувајќи гол во 35. минута, по што во последната минута од првото полувреме Рафа Мир постигна гол од пенал со што Хуеска го намали водството на само еден гол предност за Барселона.

Во 53. минута во вториот дел, Барселона ја зголеми предноста на 3-1, а стрелец на голот беше Оскар Мингеза по асистенција на Лионел Меси. Играчите на Барселона доминираа во остатокот од натпреварот, а Меси како што го започна натпреварот, така и го заврши, успевајќи да постигне втор гол во 90. минута и да ги постави конечните 4-1.

Барселона сега е на второто место на табелата од Ла Лига, и се доближија на само 4 поени разлика од првопласираниот Атлетико Мадрид кој веќе подолго време е на челната позиција.

По овој натпревар трката за титулата во Ла Лига повторно станува неизвесна, нешто што не можеше да се замисли до пред еден месец.

 

Се вчитува...