„Меси – ефект“ или нешто друго – Лео дојде во Париз, навивачите на ПСЖ почнаа да го свиркаат Мбапе (ВИДЕО)

Интересна ситуација се случи пред почетокот на денешниот меч на Пари Сен Жермен против Стразбур во француската Лига 1.

Имено при претставувањето на фудбалерите на домашниот тим, кога стигна името на Килијан Мбапе целиот „Парк на принцовите“ го испрати францускиот ас со свирежи.

Се поставува прашањето дали и во Париз се случува Меси ефектот нешто што се случуваше и во Барселона каде исто поради големата љубов према Лео, играчи како Ибрахимовиќ, Кутињо, Гризман… беа на мета на фановите, или пак навивачите на „светците“ му се лути на Мбапе поради тоа што се поголеми се шпекулациите дека тој би можел да премине во Реал Мадрид.

 

Се вчитува...